Селекторот Кирил Лазаровго објави поширокиот список од 35 ракометари на кои смета за претстојниот шампионат, продолжувајќи го континуитетот на подмладување на националниот тим и воигрување на јадрото составено од играчи од домашната Суперлига и интернационалци.
Селекторот се одлучи за десет ракометари на Еурофарм Пелистер: Никола Митревски, Филип Кузмановски (капитен), Павле и Петар Атанасијевиќ, Мартин Серафимов, Мирче Калајџиевски, Цветан Кузманоски, Ненад Белистојаноски, Жарко Пешевски и Самоил Ристевски
Ждрепката во Минхен ѝ додели на Македонија поволна и атрактивна група во која носител е селекцијата на Исланд, а партиципираат и азиските претставници Јапонија и Бахреин.





