ОПШТИНСКИ СОЈУЗ НА СПОРТОВИ-Битола
Промотор и координатор на спортскиот живот во Битола
Општинскиот сојуз на спортови – Битола претставува клучен двигател и координатор на спортските активности на територија на општина Битола. Преку соработка со здружените членки, Сојузот активно работи на унапредување на прашања од заеднички интерес во областа на спортот, поттикнувајќи партнерства и заеднички иницијативи меѓу спортските клубови, сојузи и останатите релевантни институции.
Посебен фокус се става на програми од масовен карактер и јавен интерес, со цел вклучување на што поголем број граѓани во спортско-рекреативни активности, без разлика на возраст, пол или припадност. Исто така, Сојузот соработува со клубовите во насока на спречување на насилство на спортските терени и промовирање на фер-плеј.
Секоја година традиционално се организира избор на најуспешни спортисти и клубови преку доделување на признанието „Спортисти на годината“. Во своето работење, Сојузот активно соработува со Општина Битола, Агенцијата за млади и спорт, спортските педагози и медиумите, со цел подобрување на условите за спорт.
Преку координација, поддршка и соработка, Сојузот придонесува за континуиран развој и афирмација на спортот во Битола.
Раководство
Основни информации
Цели и задачи
- Координирање на работата на здружените членки за прашања од заеднички интерес од спортот
- Помагање и поддршка во реализација на програмите од масовен карактер и јавен интерес во спортот во општината
- Реализација на проекти од областа на спортот со масовен опфат на населението со спортски и спортско-рекреативни активности без разлика на возраст, пол, национална или верска припадност
- Заеднички активности со спортските клубови и сојузи во спречување на насилството на спортските терени
- Продолжување на традицијата за прогласување и избор на најуспешни спортисти и клубови и доделување на признание Спортисти на годината
- Соработка со Општината, општествено одговорните компании, Агенцијата за млади и спорт, федерацијата на училишен спорт и спортски педагози и спортските редакции на пишаните и електронските медиуми, за прашања од заеднички интерес
- Координирање на работата на здружените членки за прашања од заеднички интерес
- Обезбедување на услови и други мерки кои ќе придонесат за подобрување на спортските програми на клубовите, согласно закон и важечките прописи



