За денес е закажан старт за првиот настап на Европа Купот за Ева Милевска, членка на ски клубот Пелистер. Милевска денес на ски-патеката во Сарентино Италија ќе настапи со стартен број 87, како што веќе е најавена на официјалната стартна листа.
Милевска, видно возбудена, на неколку часа пред денешниот супер велеслалом вели:
„Со оглед на тоа дека сме на прагот на Зимската Олимпијада ова е последна проверка за најдобрите во светот во брзи дисциплини. Чуството и атмосвератата е посебна во пресрет на трката особено кога се работи за земја како Македонија во скијачкиот свет. Благодарност до моите подржувачи кој допринесоја да се појавам на натпреварите од Европа Куп“.
Трката е нас амо пет дена пред стартот на Зимските олимписки игри во Италија и таа ќе биде последна проверка на сите кои се учесници на Олимпијадата, но и за останатите да видат до каде се стигнати со подготвеноста.





