Моќни спонзори за уште помоќен Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер ќе биде само посилен и пообединет за следната сезона. Клубот денес доби голема поддршка со потписот на спонзорски договор со голема корпорација. Нови спонзори во ракометниот клуб Еурофарм Пелистер се трите компании „Пелистерка“, „ЗК Пелагонија“ и „Здравје Радово“.

Потписниците на договорот дадоа изјави по склучувањето на соработката.

Зоран Стерјев
(претседател на РК Еурофарм Пелистер)
Ќе помогнат во наредниот период клубот да остане на нивото на кое што е и овие изминати години, активно да се бориме за највисоките дострели, во националното првенство за освојување на шампионатот на нашата држава и се разбира националниот куп, а на меѓународен план колку е можно да стигнеме подалеку во некои од европските натпреварувања.

Тони Коњановски
(градоначалник на Општина Битола)
Вие сте брендот кој го осветли образот и на општината и на градот и на државата во изминатиов период. Со ова денеска објавување, официјализирање на овој партнерски однос, ова спонзорство, значи многу, значи една стабилност која ќе ја зајакне спортската платформа меѓу Општина Битола и „Еурофарм“ и нов поттик за вас секако како спортисти, за градот уште посилно и во едни стабилни услови да продолжиме понатаму да го градиме името на Пелистер.

Цветан Панделевски
(сопственик на групацијата „ЗК Пелагонија“, „Пелистерка“ и „Здравје Радово“)

Со тој успех клубот го претставуваше градот Битола и Македонија надвор од границите. Како општествено одговорна фирма која има три компании во Македонија, особено во Битола „Пелистерка“, „Здравје“ и „ЗК Пелагонија“, сакаме да помогнеме овој клуб да го задржи нивото и да има уште подобри успеси, а со тоа преку клубот да може да не претставуваат и нас како производители, стопанственици на квалитетни и врвни производи.