Тимот на Новаци уште еднаш покажа дека поседува квалитети за највисок пласман и со третата победа во низа остана во игра за баражот за влез во елитата. Новаци беше сигурен на гостински терен против Вардар Неготино, совладувајќи го со 1-2. Виктор Перчинков си даде автогол, за Новаци реализира и Антонио Марчевски. Единствен стрелец за Вардар Неготино беше Мартин Нејковски..
Новачани се петтопласирани со 36 бода, само четири помалку од лидерот Охрид.
В сабота во рамките на 19. коло на Втората лига, Новаци ќе ја пречека штипска Брегалница.





