Новаци закажа четири контролни натпревари ова лето

Новиот Новаци пна Иван Варадиновски ги стартуваше подготовките за новиот шампионат во Втората македонска фудбалска лига.

Комплетните подготовки Новаци ќе ги одработи на домашно тло, а веќе и закажа неколку контролни средби со кои новиот стручен штаб ќе ја темпира формата за сезоната. Прв ривал на Новаци во подготовките ќе биде тимот на Охрид (18.07), потоа ќе одигра пријателски натпревари и со Кожув (24.07) и младинците на Пелистер (30.07), а генералната проба е закажана за на осми август против Пелистер под рефлекторите на битолскиот стадион.

Амбициите на клубот ќе бидат исти – што подобра претстава на фудбалскиот терен и обезбедување на опстанок во лигата.