
Фудбалерот за врска Ѓорѓе Белиќ е нов фудбалер на Пелистер. Српскиот интернационалец потпиша договор на една сезона и веднаш ќе им се стави на располагање на членовите на стручниот штаб. Белиќ во Битола доаѓа од Белград, откако минатата сезона ја мина во Вождовац.
27-годишниот Белиќ е роден во Сремска Митровица, а во својата кариера настапувал за Мачва, Дрина Љубовија, Лозница, Дубочица и Вождовац. Се работи за фудбалер кој може да настапува на повеќе позиции во средниот ред и со својот квалитет и искуство и тоа како ќе биде од помош сезонава.
Белиќ е шесто засилување на Пелистер ова лето по Спировски, Ристиќ, Ристовски, Здравковиќ и Булатовиќ.





