Селекторот на машката кадетска селекција во ракомет, Горан Кузманосмки, го објави поширокиот список на ракометари повикани за настапите на репрезентацијата на „Трофеј Карпати“ и квалификациите за следното Европско првенство.
На пределиминарниот список се најдоа 35 ракометари, од четири на Еурофарм Пелистер и три на Еурофарм Пелистер 2. На списокот се: Горазд Мијалчев, Јован Симоновски, Тео Спировски, Андреј Ѓорѓиев, Иван Младенов, Мелин Фехми и Стефан Лазаревски.
Прв предизвик на младите ракометари ќе биде настапот на „Трофеј Карпати“, каде ќе учествуват уште селекциите на Србија, Романија и Полска, додека во квалификациската група која ќе се одигра во Луксембург се уште домашната селекција, Грција и Финска.





