Младите скијали на ски клубот Пелистер овој викенд учествуваа на натпревар од Алпскиот куп – дисциплина велеслалом, одржан на Попова Шапка, а се вратија во Битола со подобрени лични резултати што претставува јасен показател за континуиран напредок.
Работата на тренерите Марјан Нашоку и Дамјан Неделковски кој работат до сега во услови на минимална работа на снег поради немаше на снежни врнежи и подготвени ски патеки как нас со овој успех е уште повредна.
Во категорија У8 – жени Каравилоска Ирина освои прво место.
Трето место освоија во категорија У10 – жени – Каравилоска Софиј, к атегорија U10 – мажи – Талевски Мартин и во категорија У16 – мажи – Мицевски Јаков .
Во категорија У12 – мажи – Костов Антони го освои седмото место.
-И по резулатите кои ги постигнаа нашите млади скијачи овој викенд на Попова Шапка, продолжуваме понатаму со јасна цел – понатамошен развој, континуирано унапредување и постигнување уште подобри резултати на претстојните натпревари, велат од ски клубот Пелистер.





