Фудбалската федерација на Македонија ги одреди официјалните лица за натпреварите од 13, коло на Првата фудбалска лига. Дуелот во Битола меѓу Пелистер и Брера Струмица, в недела во 13:00 часот, ќе го води Фатмир Бафто од Охрид.
Пелистер – Брера Струмица
Градски стадион „Петар Милошевски“ Битола – 9 ноември (13:00 часот)
Главен судија: Фатмир Бафто (Охрид)
Прв помошен судија: Мишо Ѓорѓиески (Охрид)
Втор помошен судија: Горан Балески (Охрид)
Четврти судија: Благојче Ралевски (Битола)
ВАР: Игор Стојчевски (Скопје)
АВАР: Дарко Видиниќ (Скопје)
Оператор за повторување на снимка: Матеј Димитриевски (Скопје)
Делегат: Горан Михајловски (Скопје)
Контролор: Дејан Јакимовски (Скопје)
Бафто сезонава еднаш судеше во Битола, во ремито на Пелистер и Шкендија.
ФОТО: ФК Пелистер





