Екипата на Еурофарм Пелистер и официјално го потврди заминувањето на Нејц Цехте кој беше еден од најважните ракометари на македонскиот шампион.
Словенецот кариерата ќе ја продолжи во редовите на Фуксе Берлин кој за него ќе плата отштета на битолскиот клуб. Во бундеслигашот Цехте треба да пристигне како замена за повредениот Фабиан Виде за кого актуелната сезона е завршена.
„Репрезентативецот на Словенија, Нејц Цехте заминува од Еурофарм Пелистер пред истекот на договорот. Клубот постигна договор со друг клуб и шест месеци до крајот на соработката, десниот бек заминува од Битола. Цехте дојде во нашиот клуб во 2023 година и освои две титули шампиони на Македонија, како и еден Суперкуп.
Еурофарм Пелистер му посакува многу среќа во новиот клуб на овој голем професионалец и добар човек“, се вели во соопштението на клубот.
Цехте е ракометар со огромно искуство во Германија и Словенија, а една година беше дел и од тимот на ГОГ Гудме.





