Адријан Рустемовски обезбеди најмалку европска бронза во бокс

Македонскиот репрезентативец во бокс, битолчанецот Адријан Рустемовски, извојува сигурна победа против Словакот Лукас Вимислицки на Европското првенство во бокс за млади сениори до 23 години во Ерменија, во организација на ЕУБЦ. Со оваа победа Адријан се пласира во полуфиналето, а со тоа обезбеди најмалку бронзен медал.

Рустемовски боксираше сигурно во сите три рунди, осбоено во првата, кога му броеја на Словакот. Во втората и трета одеше на сигурни удари и избегнување на директна пресметка. Во трета рунда се забележа и исцрпеност, затоа цело време одеше во клинч.

Во полуфиналето на 8 ноември ќе ги одмери силите со рускиот боксер Хамзат Матиев.