Бафто делегиран за дербито меѓу Пелистер и Шкендија

Фудбалската федерација на Македонија ги одреди судиите кои ќе ја делат правдата во новото коло во Првата македонска фудбалска лига, кое се игра од петок до понеделник.

Дуелот на пелистерци и шампионот му е доверен на новопечениот интернационалец Фатмир Бафто.

Пелистер – Шкендија
Градски стадион „Петар Милошевски“ Битола (Битола) – 6 септември,18:00 часот

Судија: Фатмир Бафто (Охрид)

  1. помошен судија: Мишо Ѓорѓиески (Охрид)
  2. помошен судија: Климент Ристоски (Струга)
    Четврти судија: Качевски (Струга)
    ВАР: Стојанче Трпчевски (Скопје)
    АВАР: Мартин Петковски (Куманово)
    Оператор за повторување на снимка: Деан Стефков (Скопје)
    Делегат: Зоран Златановски (Куманова)
    Контролор: Јосип Бартон (Тетово)