Ракометната федерација на Македонија го одреди градот домаќин – Битола за првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2026 во женска конкуренција што ќе се игра во Романија, Полска, Чешка, Словачка и Турција.
Женската ракометна репрезентација на Македонија како прв противник ја има селекцијата на Словенија, а натпреварот се игра во салата „Боро Чурлевски“. Дуелот е закажан за 19.октомври во 18:00 часот.
Пред овој дуел женскиот национален тим ќе одигра натпревар на гости против Германија, на 16 октомври.





