Битолски Пелистер ги дефинира контролните натпревари

Пелистер се подготвува за настап во Втората македонска фудбалска лига.

Битолчани имаат цел експресно да се вратат во елитата на мак-фудбалот. За таа цел клубот веќе работи на што е можно подобро подготвување за новата сезона. Пелистер откри дека веќе се закажани четири пријателски средби во екот на подготовките, а првата е за четири дена.

„Зелено-белите“ ќе тестираат со грчкиот второлигаш Панионис на 18 јули. Шест дена подоцна следува дуел со Охрид, а „генералката“ ќе биде дома против Новаци на 8 август. Во меѓувреме клубот најави уште еден тест, но не откри против кој ривал ќе биде истиот.