Битолчанки го надиграа Вардар и закажаа плеј-оф четвртфинале против Работнички

Четири скопски, два струмички и по еден штипски и битолски клуб ќе играат во плеј-офот на женскиот одбојкарски шампионат на Македонија. По одигрувањето на последното коло од регуларниот дел, познати се четвртфиналните парови, а таму ќе се игра и струмичко и скопско дерби. Работнички е противникот на Пелистер волеј во првата фаза од разигрувањето за титула.

Еве ги резултатите од 18. коло, последно од регуларниот тек:

Јанта волеј КВ – Работнички Скопје 1-3 (25-27, 25-23, 18-25, 21-25)
Ускана – Газели волеј 0-3 (17-25, 18-25, 16-25)
Наковски волеј – Фит фан волеј 3-0 (25-16, 25-17, 25-16)
Младост УГД – Струмица жени 3-0 (25-18, 25-16, 25-9)
Пелистер волеј – Вардар ЕМ 3-0 (25-17, 27-25, 25-22)

    Плеј-оф
    Четвртфинале:
    Наковски волеј – Струмица жени
    Младост УГД – Вардар ЕМ
    Работнички – Пелистер волеј
    Јанта Волеј КВ – Газели волеј