Боксерот Ален Рустемовски кандидат за спортист на Македонија за 2025 година

Министерството за спорт ги објави номинациите за спортист на годината, свечената церемонија е закажанаа за 18 декември.

Во машка сениорска категорија номинирани се: капитенот на фудбалската репрезентација Енис Барди, боксерот на Пелистерски јунак Ален Рустемовски, кик-боксерот Стефан Михајловски, атлетичарот Андреас Трајковски и борачот Владимир Егоров.

Додека пак кај дамите ќе се борат: каратистката Ангела Мојсовска, фитнес и боди-билдинг шампионката Катерина Попева, фудбалерката Александра Марковска, џиу-џицу борачката Катерина Ацевска и шампионката во спортски танци Сашка Колевска.

Во категоријата за најдобар млад спортист номиниран е ракометниот голман, битолчанецот Иван Галевски, кој освои трофеј во ЕХФ Европскиот Куп, Никола Блажевски (спортско стрелаштво), боксерот на Пелистерски јунак Адријан Рустемовски, Лука Змејковски (кик-бокс) и Бесир Алили (борење).

Во категоријата за најдобра млада спортистка номинирани се битолчанката Емилијана Ризоска (ракомет), Душица Бреслиева (карате), Марија Спирковска (борење), битолчанката Марија Димовска (кик бокс) и Даниела Алексовска (џиу-џицу).

Номинирани за тренер на годината се: Магомед Ибрагимов (борење), Методија Ангелевски (пливање), Кирил Лазаров (ракомет), Дејан Митровски (кик-бокс) и Кристијан Кајчевски (атлетика).