Поранешниот ракометен репрезентативец и селектор на младата репрезентација на Македонија, Бранислав Ангеловски се врати во Еурофарм Пелистер, но овојпат во вториот тим каде е назначен за нов тренер.
„Еурофарм Пелистер 2 е подеднакво важна приказна како и Еурофарм Пелистер. Затоа во конструкцијата на тимот за следната сезона му пристапуваме максимално сериозно и одговорно. Во тој правец оди и назаначувањето на новиот тренер. За предводник на Еурофарм Пелистер 2, воедно и тим-менаџер, е именуван Бранко Ангеловски. Ова е своевидно враќање на Ангеловски во клубот, откако претходно беше играч на Пелистер, а до неодамна и спортски директор и тренер. Со своето искуство и неспорен квалитет сметаме дека Ангеловски е најсоодветн избор за оваа позиција“, информираат од Еурофарм Пелистер.
Ангеловски го водеше првиот тим на Пелистер околу една година, и во тој период освои една титула во домашното првенство.





