Екипата на Кожув го именува Вангел Алтипармаковски за нов тренер на екипата.
Тој доаѓа на местото на Дарко Крстевски кој пред десетина дена спогодбено го раскина договорот со тимот од Гевгелија.
Алтипармаковски е еден од најперспективните тренери во Македонија, работеше во младинските школи на Работнички и Пелистер, а потоа беше асистент во сениорските екипи на двата тима.
Екипата на Кожуф по шест одиграни кола во Втората Македонска фудбалска лига се наоѓа на десеттото место со седум освоени бодови. Гевгеличани во првите шест кола остварија две победи, едно реми и дури три порази.





