Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) одлуќи да го одложи почетокот на натпреварите во суперлигашката конкуренција и тоа за најмалку две недели, што значи дека првенството наместо веднаш по Божиќ ќе продолжи за време на викендот на 24 и 25 јануари следната година.
Одлуката, според Куќата на кошарката, била донесена по извршени теренски проверки, доставени информации од клубовите и детална анализа на реалните услови за одигрување на натпревари во зимскиот период. Како што соопштува КФМ, најголем проблем претставува неможноста на поголем дел од клубовите да обезбедат соодветно загревање на спортските сали, односно да се достигне минималната препорачана температура од 12 степени Целзиусови, неопходна за безбедно и регуларно одигрување на кошаркарските средби.
Веднаш по паузата кошаркарите на Пелистер ќе се соочат со Работнички на домашен терен.





