Газели волеј стои на патот на пелистерки до „фајнал-фор“ на Купот

Познати се четвртфиналните парови од Купот на Македонија во одбојка.

Во женска конкуренција ждрепката одреди во четвртфиналето да се сретнат уште и Газели Волеј и Пелистер Волеј, Младост УГД ќе го пречека ланскиот финалист Јанта Волеј КВ, додека Работнички Скопје и Вардар ЕМ ќе се сретнат во уште едно градско дерби.

Четвртфинале:
Газели волеј – Пелистер волеј
Наковски волеј – Струмица жени
Младост УГД – Јанта волеј КВ
Работнички Скопје – Вардар ЕМ

Натпреварите од оваа фаза од Купот се играат на 4 март, а победниците ќе играат на финалниот турнир.