На денешното редовно изборно Собрание на Федерацијата за планинарство на Македонија беше избрано новото раководство на Федерацијата. За претседател на Федерацијата, со 37 од вкупно 50 гласови на делегатите, е избран Даниело Божиновски, член на Планинарско-спортскиот клуб „Копанки“ од Битола.
На собранието беа конституирани и претседателството, Надзорниот одбор и Судот на честа, кои во наредниот период ќе работат на развојот и унапредувањето на планинарството во земјата.
Досегашниот претседател Зоран Читкушев упати честитка и благодарност, посакувајќи му успешен мандат на новоизбраниот претседател и изразувајќи уверување дека федерацијата ќе продолжи на патот на развојот и заедништвото.





