Дарија Крстевска ја заврши трката на Светското првенство во Копенхаген

Дарија Крстевска настапи на трката на пет километри на Светското првенство во трчање на пат во Копенхаген.

Крстевска ја заврши трката со резултат 19:22 и го освои 42. место во конкуренција од исто толку учеснички. За 19-годишната Крстевска ова беше прв настап на едно Светско првенство и драгоцено искуство во конкуренција на атлетичарки од светскиот врв.

Како убедливо најмлада учесничка во трката на пет километри, Дарија зад себе има значаен чекор во својата млада кариера, а пред неа се уште многу простор за развој, напредок и нови настапи на големата меѓународна сцена.