Дарко Крстески се раздели со Новаци по три сезони

Покрај прволигашите, и второлигашките клубови почнаа со планирање за следната сезома. Управата на Новаци објави дека нема да ја продолжи соработката со досегашниот тренер Дарко Крстески и му се заблагодари за неговиот придонес во клубот. 

Искусниот тренер од Прилеп пред три години дојде во Новаци. Работеше со значителен успех, а минатата сезона оствари учинок од петнаесет победи, шест нерешени средби и девет порази, финиширајќи го првенството на седмата позиција на табелата. Во тренерската кариера Крстески ги водеше Победа, Тиквеш и Пелистер, а има и искуство во странство. 

Новаци ќе има високи амбиции и во новата сезона, а наскоро се очекува и името на новиот кормилар на клупата. Сезоната во Втората лига почнува на осми август.