Селекторот на машката сениорска репрезентација, Жозеп Мариа Берокал, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари од вториот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскет 2029.
За дуелите од претквалификациите, со селекциите на Луксембург (во Скопје) и Азербејџан (во Баку), новиот предводник на сениорскиот национален тим ќе смета на шеснаесет кошаркари. Меѓу нив се и двајцата кошаркари на Пелистер – Андреј Митревски и Лука Стојановски.
Список на повикани кошаркари:
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – МКК Куманово
Виктор Ефремовски – Работнички
Андреј Митревски – Пелистер
Лука Стојановски – Пелистер
Теодор Симиќ – Кожув
Виктор Ташовски – ТФТ Скопје
Амар Хот – Маџари 2023
Адем Мекиќ – Бора, Косово
Ваљмир Какруки – Сигал Приштина, Косово
Лејсон Зеќири – Башкими, Косово
Андреј Јакимовски – Тренто, Италија
Итан Хап – Сан Пабло Бургос, Шпанија
Репрезентацијата ќе тренира во Скопје, првиот официјален собир-тренинг е закажан за 23. февруари со почеток во 10.:00 часот, во салата „Градски парк“ (ќе биде од затворен карактер).
Во овој февруарски ФИБА „прозорец“, кошаркарите ќе одиграат два натпревари, и тоа против соодветните национални селекции на Луксембург и Азербејџан.





