Два гола на Петковски, Пелистер убедлив во тестот против Преспа

Битолски Пелистер имаше успешна генерална проба пред почетокот на вториот дел од сезоната во домашниот прволигашки шампионат. Денеска „зелено-белите“ тестираа против екипата на Преспа и остварија убедлива победа од 6-0.

Во двете полувремиња Пелистер постигна по три погодока. Во првиот дел погодија Спировски, Петковски и Здравковиќ, додека во второто полувреме успешни беа и Булатовиќ, заедно со Петковски кој постигна уште два гола.

Пелистер во првото пролетно коло за противник ќе ја има екипата на Башкими.