Деби со победа на Червар на клупата на Еурофарм Пелистер

Поранешниот македонски ракометен шампион Еурофарм Пелистер славеше против Катар со 36-24 на пријателски натпревар пред почетокот на новата сезона.

Избраниците на Лино Червар доминираа на теренот на дебито на новиот тренер на битолчани, па така го добија првото полувреме со 18-12, а во вториот дел дополнително ја зголемија предноста до конечни 36-24.

Еурофарм Пелистер го игра следниот пријателски натпревар против Крка од Словенија.