Димевски донесе голем бод за Еурофарм Пелистер 2 во пелагониското дерби

Во натпреварот од 11. коло на Суперлигата, Еурофарм Пелистер 2 се врати од четири гола негатива и извлече реми 26-26 во пелагониското дерби. Гостите поведоа и во последната минута, но не успеаја да ги однесат двата бода. 

Натпреварот започна израмнето, а Еурофарм Пелистер 2 поведе со 4-3, по што Прилеп дојде 5-5, а потоа и до 8-5 во 15. минута. Пелистер дојде 9:10, но Прилеп ја зачува предноста и на одмор замина со 11-14.

Во второто полувреме, во 39. минута Прилеп имаше највисоки четири гола разлика, 15-19, но Еурофарм Пелистер 2 постепено се враќаше. Прилеп водеше со 20-22,  а Пелистер намали на 21-22. Гостите во 52. минута имаше +3 (22-25), но Еурофарм Пелистер 2 уште еднаш се врати во натпреварот и намали на 24-25 во 56. минута, а потоа пропушти напад за израмнување. Пелистер дојде до 25:25, но следуваше ново водство  на 21 секунда до крајот, но Димевски возврати на девет секунди до сирената и го постави конечниот резултат 26-26.

Давид Димевски беше најефикасен со осум погодоци кај домаќините, а на спротивната страна ист учинок имаше Димитар Димитриоски. 

Ракомет
Суперлига 2026/27
11. коло

Еурофарм Пелистер 2 – Прилеп 26-26 (11-14)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 500
Судии: Спаско и Глигор Ќаеви

Еурофарм Пелистер 2:
Младенов, Трајков, Димевски 8, Лозановски, Стојков 4, Велески, Митревски 2, Гутиќ 6, Шулевски 1, Лазаревски, Илиески, Георгиев, Ј. Симоновски 1, Крстевски 1, Дрогришки, 3, Ѓорѓиевски
Седмерци: 7/5
Исклучувања: 8 минути

Прилеп:
Ангелески, Трајкоски, Тренчевски, Марковски 5, Кастратовиќ 3, Бошковски, Шипинкоски 4, Адамчески, Лозаноски, Столески, Крстески 2, Димитриоски 8, Стојановски 3, Шабановиќ 1, Зековиќ, Цветаноски
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 6 минути

Во следното 12. коло Еурофарм Пелистер 2 ќе го пречека Вардар 1961.