Давид Брестовац се повреди на дербито меѓу Вардар1961 и Пелистер во СЦ „Јане Сандански“, а медицинските прегледи покажаа дека не станува збор за посериозна повреда.
Младиот голман настрада откако врз него падна Јака Малус од Вардар, по што голманот мораше да го напушти теренот.
Прегледите покажаа дека Брестовац ќе паузира само две недели, по што се очекува негово враќање меѓу стативите на битолчани.
„Повредата на Давид Брестовац не е сериозна, Давид ќе се врати на терените за 14 дена“, соопшти Пелистер.





