Новиот прволигаш, битолски Пелистер Волеј објави дека во тимот се враќа Ева Трпеновска, која потекнува од шампионската генерација на пионерската екипа.
Минатите три сезони настапуваше за данскиот клуб, Брондби, каде имаше првотимски статус и беше меѓу најдобрите во екипата. Од клубот велат дека се работи за одбојкарка со лидерски способности и се очекува да биде повеќе од солидно засилување. Трпеновска настапува на позицијата примач.
Трпеновска е трето засилување за битолскиот клуб за сезоната 2025/26 по Шаник Никол Мекги и Сара Стојановски. Пелистер Волеј се наметнува како екипа која ќе се бори за сите титули, иако е нов член на Првата одбојкарска лига.
Новата сезона кај одбојкарките почнува во октомври.





