Ракометарките на ЖРК Пелистер следната сезона ќе играа во Првата лига, бидејчи и дефинитивно испаднаа од Суперлигата. Ѓорче Петров 2 се пласираа во елитата, откако славеше против битолчанки со 24-17.
Прволигашот уште по петнаесетина минути го најави победникот на овој дуел кога поведе со 8-4, а на паузата беше 15-9. Битолчанки немаа сили да се вратат во игра во вториот дел, а младите „лавици“ умешно ја одржуваа предноста и контролата на мечот.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ристовска, Наумовска и Аврамовска со по четири гола, додека голманките Илиоска и Гошевска комбинираа девет одбрани. Во составот на ЖРК Пелистер се истакнаа Тодоровска со шест гола и Котевска со четири погодоци.





