Ракометарките на ЖРК Пелистер немаа сили за изненадување и загубија на домашен терен од ЖРК Варадр со 21-30.
По израмнетите дваесетина минути кога Вардар воеше само со гол предност, 7-8, скопјанки почнаа да ја градат предноста. На паузата беше најавена победата, 11-17, а во второто полувреме гостинките само одработија рутински и ја зголемија разликата во нивна корист.
Најдобра во победничкиот тим беше Леона Миленкоска со девет погодоци, а по пет за домашниот тим постигнаа Ана Стојчевска, Ева Апостоловска и Анастасија Тодоровска.





