Ракометарките на ЖРК Пелистер не можеа да им се спротистават на поквалитетната екипа на ЖРК Металург и загубија со 18-29 (8-14) во вонредното четвртото коло на Суперлигата. Битолчанки парираа само на почетокот на натпреварот, но потоа потклекнаа.
Анастасија Тодоровска со дванаесет погодоци натпревари беше најдобар поединец на битолчанки, а Таида Беровиќ со пет и Јана Ѓошевска со шесг гола беа најдобри во тимот на ЖРК Металург.
Екипата на ЖРК Пелистер ги загуби првите четири натпревари и се наоѓа на последното осмо место на табелата во Суперлигата.





