Вечерва во Битола се одиграни полуфиналните натпревари на турнирот „Зоран Петковски – Петкото“.За титулата ќе се борат Куманово и ТФТ Скопје.
Тмот на МКК Куманово славеше против домашниот состав на Пелистер со 61-80, а во вториот меч ТФТ Скопје со 85-73 го победи МЗТ Скопје.
Утре за третото место ќе се сретнат Пелистер и МЗТ Скопје, а во финалето ќе играат ТФТ Скопје и МКК Куманово.
Овој турнир се одржува во чест на неодамна починатиот Зоран Петковски, кошаркар кој остави трага во три од четирите екипи кои учествуваат на овој турнир.





