Кугларите на Пелистер 1982 вицешампиони на Македонија, обезбедија настап во Европскиот Куп

Кугларскиот клуб Пелистер 1982 во натпреварувачката сезона 2025/26 испиша историја. Со врвни настапи и шампионски дух, го освоив второто место во националното првенство и гордо ја понесе титулата вицешампион, обезбедувајќи директен пласман на Европскиот Куп.

Во октомври минатата година, во Бачка Топола – Србија, ќе се судриме со елитата на европското куглање. Повеќе од дваесет земји најсилните екипи и кугларски легенди, а Пелистер 1982 подготвен да се бори рамо до рамо и да остави трага на европската сцена. Како круна на успешната сезона, во Купот на Македонија го освои третото место, што е уште една потврда дека Пелистер се враќа таму каде што припаѓа, во самиот врв. Но ова е само почеток – за сезоната 2026/27 следува нова ера обединување на двата клуба во еден моќен тим.

Посилни од било кога, помотивирани до максимум и подготвени да ги руши сите предизвици и граници. Пелистер 1982 не запира, Пелистер 1982 доаѓа по врвот.