Меѓународниот спортски симпозиум „Симпосар Сараево 2025“ повторно ги собра еминентните спортски имиња од земјите од регионот и светот на едно место.
Еден од предавачите на вториот ден од 14-тиотв меѓународен спортски симпозиум во Сараево (БиХ), на петтиот панел на темата „Фудбал и карактер – што останува по кариерата?“, заедно со Шкоро, Крањчар и Топиќ , е биде т и поранешниот македонски фудбалер, подоцна селектор на А и младата репрезентација на Македонија, Драган Канатларовски. Тој доби награда за животно дело и посебно признание за спортски успеси.
Две големи имиња во светскиот фудбал – освојувачот на „Златната топка“, Христо Стоичков (Бугарија) и легендарниот голман и добитник на „Златната ракавица“, Жан-Мари Фаф (Белгија), како и бројни други легендарни спортисти и тренери од Европа и регионот беа присутни на симпозиумот.





