Лидерот пресилен, Пелистер волеј поразен без освоен сет против Работнички

Продолжува победничката серија на одбојкарките на Работнички во домашното првенство. Петта победа во исто толку натпревари за скопскиот тим, кој му го нанесе првиот чист пораз во три сета на одбојкарките на Пелистер волеј.

Вечерва во Скопје, Работнички славеше со 3-0 (25-14, 25-17, 25-13) го совладаа тимот на Пелистер волеј.

Во следното шесто коло Пелистер волеј, в сабота попладне, го пречекува тимот на Струмица Жени.