Лино Червар на прием во Општина Битола кај градоначалникот Коњановски

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска имаше средба со новиот тренер на РК Еурофарм Пелистер, Лино Червар.

Червар денес и официјално ќе биде претставен како тренер на РК Еурофарм Пелистер, а потпиша договор на три години. Коњановски му посака добредојде и спортски успеси него и на ракометарите на клубот. По пет годишна неактивност тој се враќа на ракометната клупа. Се работи за 75-годишен стручњак роден во Умаг, Хрватска, еден од најпознатите и најтрофејните ракометни тренери во историјата. Бил олимписки и светски победник со хрватската репрезентација, ја водел и Македонската репрезентација и остави длабока трага и во Металург од Скопје и е тренер кој што создава и придонесува во организацијата на клубот, но неговата најголема доблест е што создава играчи од многу млад таленти, како од нашите Кузмановски, Талевски, Дрогишки успеа да направи репрезентативци.

Червар на средбата со градоначалникот беше придружуван и од претседателот на клубот Зоран Стерјев, потпретседателот Бојан Стерјев и спортскиот новинар Зоран Мишевски.