Второлигашот Новаци се пофали со ново засилување за пролетната полусезона во ВМФЛ.
Нов член на овој клуб е Марио Дебрешлиоски. Станува збор за 23-годишен дефанзивен играч за врска кој доаѓа во Новаци по редовите во Победа од Прилеп.
Дебрешлиоски е дете на Победа. Во својата кариера настапуваше за екипите на Караорман, Пелистер и Беласица.





