Митковски: Задоволен сум од играта, ќе пркосиме на секој ривал во оваа лига

Иако демонстрираше силен отпор и играше допадлива одбојка, новиот прволигаш Пелистер волеј загуби од шампионот Јанта волеј со 1-3 во сетови (25-21. 19-25. 22-25, 20-25).

Тренерот на Пелистер волеј, Роберт Митковски, по завршувањето на натптеварот, во првата анализа каде „погреши“ неговиот тим рече:

„Направивме некои неизнудени грешки кои не се дозволени со вака силен противник, и не реализиравме во неколку наврати во напад, особено во третиот сет кога имавме водство од 22-19 ако не се лажам, по што сигурно ќе гледавме петти сет. Но, апсолутно сум задоволен од прикажаната игра на моите играчи, оваа екипа дефинитивно ќе расте од натпревар во натпревар, сезоната е долга и секако дека ништо нема да ја намали нашата самодоверба, напротив денес во двочасовна драма докажавме дека иако сме нов суперлигаш ќе пркосиме на секоја екипа од лигата“.

Пелистер Волеј упати благодарност до публиката која само придонесе за фантастична одбојкарска атмосфера, каква што и доликува на спортска Битола, публика која докажа дека е желна да гледа убава одбојка.