За нешто повеќе од еден час Пелистер волеј ја заврши работата и го совлада тимот на Ускана со 3-0 во сетови за прва победа во новата одбојкарска сезона. Девојките на Роберт Митковски рутински славеа, иако не одиграа максимално.
Тренерот на пелистерки е само половично задоволен од изданието.
„Победата беше очекувана, иако можеби не со леснотија. На што се должи тоа ќе видиме во следните денови. Можеби мотивацијата не беше на највисоко ниво, но тоа не треба да се случува со кој противник и да играме. Ова е сериозна екипа која мора да го надоградува својот квалитет, бидејќи ни следат далелку посериозни противници.
Благодарност и до публиката, не очекував дека ќе дојдат во толку голем број. Минатиот натпревар беше показател како треба да се движиме низ оваа сезона, иако пак мора да потенцирам дека не сум најзадоволен од играта. Сепак, и кога победуваме со не така добра игра, треба да сме задоволни“, рече тренерот Митковски.
Во следното трето коло пелистерки гостуваат во Струмица против тимот на Наковски волеј.





