Битолската судиска двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски добија нова задача во ракометната Лига на шампионите.
Битолчаните по вторпат сезонава ќе делат правда на еден натпревар од елитното натпреварување, откако ЕХФ ги делегираше за судии на средбата меѓу Спортинг и Нант, во рамки од четвртото коло од групата А.
Претходно, пред еден месец Митревски и Тодоровски го судеа големото дерби меѓу Алборг и Веспрем во Данска, кое заврши со победа на домашниот тим. Натпреварот меѓу Спортинг и Нант се игра на осми октомври во Лисабон, со почеток од 20:45 часот.





