Новаци продолжува со реконструкција на својот тим за новиот шампионат, кој што ќе го отвори со нов тренер.
Младиот Иван Варадиновски ја доби довербата од раководството на клубот, тимот веќе е во тренажен процес, а во пресрет на првиот пријателски натпревар пристигна уште едно засилување. Нов член на Новаци е младиот Стефан Спировски, фудбалер кој ја покрива десната страна на теренот (десен бек и десно крило), а во минатиот шампионат беше член на тимот на Преспа. Спировски е дете на Пелистер, каде ги мина сите младински категории.
Спировски е четвртото засилување на Новаци ова лето. Претходно пристигнаа Андреј Сиљаноски, Кирил Стојков и Петар Гугуљанов.





