Натопениот терен го одложи дуелот Шкупи – Пелистер за следниот вторник

Официјално е потврдено дека дуелот меѓу Шкупи и Пелистер во рамките на 14, коло на Првата лига ќе мора да биде презакажан.

Овој натпревар требаше да се игра утре на стадионот во Струга, но немањето основни услови за игра на овој меч придонесе дуелот да биде презакажан за вторник.

„Натпреварот против Шкупи што требаше да се одигра утре во рамките од 14. коло во Првата лига, поради немање основни услови за игра, односно потопениот терен за игра во Струга – е одложен. Натпреварот е презакажан за вторник со почеток од 13:00 часот“, објави ФК Пелистер.

Првиот дуел меѓу овие два клуба во Кавадарци им припадна на пелистерци со 0-2.