Натпреварите од 19. коло во Втората македонска фудбалска лига донесоа многу возбудувања, бројни погодоци и важни резултати во борбата за врвот и за опстанокот.
Брегалница запиша значајна победа на гостувањето кај Новаци со 1-3 и ја прекина добрата серија на домаќините. Штипјани рано ја презедоа контролата и дојдоа до сигурна предност, која на крајот ја претворија во важни три бода. За Брегалница стрелци беа Талески, Карчески и Масевски, за домашниот тим Љамчевски.
ГФК Охрид е лидер на табелата со 43 бода, зад него е Скопје со 41 бод. Следи Шкендија Арачиново со 39 бода но и меч помалку, четвртопласирана е Брегалница со 37 бода. Новаци остана петтопласиран со 36 бода.





