Новаци остана непоразен на гостувањето во Радовиш

Продолжува позитивниот момент на фудбалерите на Новаци во Втората фудбалска лига.

Детонит Плачковица и Новаци одиграа нерешени 1-1 во борбата од средината на табелата. Двата гола на средбата во Радовиш паднаа во второто полувреме, водство за Детонит донесе Сашо Дуков, а израмни Христијан Драгарски.

По ова вонредно коло Новаци е осми со шеснаесет освоени бода.

Во 11. коло в сабота Новаци го пречекува тимот на Слога Виница.