Ноќната трка по повод 4 ноември стигна до 67-то издание

Пред нас е славеничка недела и сите манифестации ќе бидат во склоп на одбележувањето на 4 ноември – денот на ослободувањето на Битола. По тој повод предвидени се и неколку спортски манифестации, а една од нив се одржува скоро седум децении.

Утрешниот ден е наменет за ноќната атлетска трка, која и годинава ќе собере 700-800 деца, спортисти, граѓани.

„Ова е 67-мо издание на една од најстарите спортски манифестации кај нас. Сојузот на спортови целосно се посвети за уште едно масовно издание на нашите ученици, спортисти, граѓани. Годинава подготвивме изненадувања и на сите натпреварувачи им посакувам да ја завршат трката“, рече претседателот на Сојузот на спортови, Сашо Павловски.

Ноќната трка ќе започне по 18:00 часот на Широк сокак, а целната линија ќе биде на плоштадот Магнолија, каде што ќе се доделуваат и наградите.