Синоќа во фоајето на Народниот театар од Битола свечено беше отворена на спорски фотографии насловена „Верувај во себе – направи шампион“, која ја организираше порталот „Битолањуз“ и Сојузот на спортови на Битола. На изложбата се изложени дваесет фотографии од Дамијана Ристевска – „Битолањуз“, Александар Котевски – „Дрим каст“, Александар Јоначиќ – фриленсер и Дејан Кузмановски – „Гол.мк“.
На изложбата беше присутен градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, претседателот на Советот на Општина Битола – Бојан Бојковски, Управниот одбор на Сојузот на спортови, претседателот на Комисијата за спорт и млади – Мартин Ивановски, спортисти, тренери, советници, љубители на спортот.
Изложбата ќе биде поставена и во следните неколку дена во фоајето на Народниот театар од Битола. Изборот на најдобри поединци и екипи на Битола за 2025 година ќе се одржи во Народниот театар, вторник, 17 февруари, со почеток во 19:00 часот.





