Пелистерки сервираа реванш, победена Струмица Жени на гостински терен

Одбојкарките на Пелистер волеј ја комплетираа перфектната недела со победа и во Купот и во шампионатот.

Рутинска победа во гости за одбојкарките на Пелистер волеј во рамките на 15. коло. Пелистер волеј беше доминантен на терен и со 0-3 во сетови (11-25; 14-25; -9-25) ја надигра екипата на Струмица Жени за точно 60 минути и се реваншира за есенскиот пораз во Битола од 1-3

Девојките на Митковски и Темелковски играат се подобро и ја зацврстуваат позиција кон врвот на табелата