Битолски Пелистер загуби на последниот пријателски натпревар во турска Анталија од Пахтакор со минимални 0-1.
За оваа средба Милан Стојановски тргна со квалитетен тим и без многу калкулации. Меѓу стативите беше Јовчевски, играа Мурговски, Здравковиќ, Грозданоски, Ивановски, Милојевиќ, Гроздановски, Крстевски, Бошковски, Ристовски и Петровиќ.
Единствениот погодок на средбата падна во 35. минута кога Узбекистанците по уфрлување од аут реализираа по левата напаѓачка страна (0-1). Во продолжението резултатот не се менуваше.
На подготовките во Анталија пелистерци ремизираа со Спартак Суботица (2-2), а загубија уште од Борац Бања Лука (2-0) и Навбахор (2-1).





